Пејачката Рита Ора зборуваше за љубовниот живот, а исто така се осврна и на озборувањата дека раскинала со Ендрју Гарфилд (35) и е во врска со Лиам Пејн (25).
Ора наводно раскинала со актерот Гарфилд, кој го глумеше Спајдермен и била забележана со еден од членовите на групата „Уан дирекшн“.
Рита ги демантира таквите озборувања и нагласи дека сака да се фокусира на својата музичка кариера.
„Нова врска не ми е приоритет”, рече пејачката.
Рита Ора, која во моментов се подготвува за европската турнеја со албумот „Phoenix“, јасно ги отфрли трачовите кои ја поврзуваат со пејачот Лиам Пејн.
„Знам дека некои зборуваат дека сум со Лиам. Тој е еден од најдобрите луѓе што сум ги запознала, но ние сме само пријатели. Чудно е да се видат машко-женски пријателства, особено во бизнисот со кој се занимаваме”, заклучи Рита.