Седум средношколци биле повредени од кои двајца потешко во сообраќајна несреќа што вчера на пладне се случила на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 12.40 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во село Гајре.
Комбе „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки кое превезувало ученици, управуван од А.Џ.(25), и автомобил „ бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(64) и автомобил „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(38), сите од село Шипковица, тетовско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во комбето „форд транзит“ на возраст од 17 и 16 години, додека останатите пет сопатници во истото возило се здобиле со телесни повреди.
Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.