Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место во евровизиското финале и на првата позиција според гласовите на жири-комисијата.
На интернет-страницата на Евровизија е објавено дека е констатиран пропуст во гласањето на белоруското жири, а среќната вест ја објави и Тамара Тодевска на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!“, напиша Тамара.
https://www.facebook.com/tamaratodevska/posts/10157145282706113