Високиот советник во германската Влада, Ларс Фелд предупреди меѓу првите за успорување на германската економија и во интервју за британски медиуми, ја потенцира Италија, предвидувајќи можно прелевање на проблемите во другите земји од еврозоната. Во интервју за Би-Би-Си, Фелд изрази страв од можна нова финансиска криза во Европа.
-Банкарскиот систем во Италија не е сигурен колку би сакале, рече тој.
-Тешкотиите може да се прошират и во други земји – особено од италијанскиот банкарски систем кон другите. Пред се, треба да се предупреди за опасноста од ширење проблеми од италијанската Влада врз целиот банкарски систем, вели Фелд во разговор со Би-Би-Си.
-Тоа може да изгледа како нова криза во еврозоната, заклучува тој.
Во изминатите три години помош веќе беше побарана од седум италијански банки, потсетува Фелд. Тој, исто така, е загрижен за ризиците што ја загрозуваат најголемата економија во еврозоната.
Евроскептичката Влада во Рим е оптоварена со јавен долг од 132,2 отсто од БДП, според податоците на Евростат за 2018 година – поголем долг има само Грција. Загриженоста заради таков висок долг може да го зголеми притисокот врз италијанскиот финансиски систем.