Грчкото обвинителство покрена обвинение за сторено кривично дело за 36-годишен маж кој вчера беше приведен, а потоа и уапсен за нападот на грчкиот Парламент со бои и пиротехнички материјали, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките медиуми, повикувајќи се на полициски извори пишуваат дека уапсениот има врска со анархистичката група „Рубикон”.