МЗШВ: До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини

На вчерашната седница на Влада беше изгласана измената на начинот за остварување на правото за користење на мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, која е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година. Оваа  мерка овозможува поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинства. Конкретно, преку неа МЗШВ ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе допринесат за за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.

Измените се направени  по извршените консултации со Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери оваа мерка ќе придонесе кон родова еднаквост и кон промовирање на принципот на недискриминација. Мерката ќе се реализира со измена на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

 

Треба да знаете
Последни објави