Независен полициски синдикат: На Спасовски не му треба метла, туку колективно самораспуштање

Во Министерството за внатрешни работи треба колективно самораспуштање, а не метлата што ја промовира премиерот Зоран Заев, порачаа од Независниот полициски синдикат на денешната прес-конференција пред МВР, пренесува Макфакс.

„Има раководни лица што ниту една власт не може да ги смени. Повеќе од 30 години седат во фотелјите и не им е грижа за состојбата во полицијата. Министерот треба да се запраша за реалната состојба, а не да верува во лажната слика што тие му ја креираат. Згора на сè, за пропустите на раководителите се казнуваат полицајци со глоба и со дисциплински постапки. Доколку сакаат европска полиција, треба да има вистинска реорганизација“, порача Делчев Тодев.

 

Треба да знаете
Последни објави