Фудбалерите на Ливерпул допатуваа во шпанска Марбела каде што ќе имаат подготовки за финалето од Лигата на шампионите против Тотенхем.
Ливерпул оваа сезона иако освои 97 бодови, не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, но на 1-ви јуни избраниците на Клоп ќе имаат прилика во голем стил да ја спасат сезоната.
Во пресрет на финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем, пристигна одлична вест за навивачите на Ливерпул – на тренинзите се врати Роберто Фирмино.
Да потсетиме, Бразилецот заработи повреда кон крајот на април по што пропушти неколку важни натпревари, меѓу кои и реваншот против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите кој Редси го добија со 4:0.