Тереза Меј ќе го презентира новиот план за Брегзит во парламентот, откако доби јасни знаци од конзервативната опозиција дека нејзината лидерска позиција е загрозена, пренесува Би-Би-Си.
Премиерката на Британија ќе ги претстави промените во договорот за повлекување, меѓу кои е и нејзината гаранција дека ќе им дозволи на пратениците да гласаат за потенцијален нов референдум.
Но министерот за Брегзит во сенка, Сер Кир Страмер, вели дека понудата не е примамлива.
Министерот за животна средина Мајкл Гов застана во одбрана на Меј и ги повика пратениците одвојат време и да се фокусираат на деталите од договорот кој ќе биде објавен денес.
Британските пратеници го отфлија договорот за повлекување од ЕУ трипати и веќе долго време не успеваат да дојдат до компромис со Лабуристичката партија.
Тереза Меј во вторникот побара „последна шанса“ за повлекување со преговори или да ризикува неуспешен Брегзит, но неколку Ториевци упатија остри критики за нејзиниот план и предложија глас на недоверба за Меј.
Меј веќе беше предмет на вакво гласање во декември, а според правилата на британскиот парламент, треба да поминат најмалку 12 месеци пред повторно гласање за недоверба.