СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО. За Зоран Заев и СДСМ поважни се матните бизнис зделки отколку културното и природно наследство на Република Македонија.
Како резултат на негрижата и неспособноста на СДСМ, Охрид за прв пат од 1979 година ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и ќе се најде во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан.
УНЕСКО во најновиот извештај констатира дека подрачјето на Охрид продолжува да биде погодено од неконтролиран урбан развој, несоодветно урбано развивање како и експлоатација на брегот. Во извештајот стои и дека во последниот период во Охрид има зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.
За неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ за заштита на културното наследство говори и фактот дека не се реализирани повеќето од половина од 19-те забелешки на реактивната мисија на УНЕСКО.
СДСМ додека беше опозиција ветуваше грижа за културното наследство и средување на урбаниот хаос во Охрид, но откако дојде на власт го направи спротивното. Ветуваа попис на дивоградби и нивно рушење, а се што направија беше легализација и откочување на изградбата на запрените двоградби.
СДСМ остана глува на сите предупредувања на експертската јавност, екологистите и на УНЕСКО кои укажуваа на девастацијата и узурпација на Охрид и неговата околина.
Очигледно е дека бизнис интересите на функционерите од власта се поважни од заштитата на Охрид и културното и природно наследство на Република Македонија.
Скандалите на СДСМ во областа на културата растат од ден на ден. СДСМ докажа дека нема интерес да се грижи ниту за културата, традицијата и наследството на Република Македонија.
Државата и Охрид не заслужуваат ваква неспособна и криминална власт чиј единствен интерес е како побрзо да се збогатат. Токму затоа СДСМ мора да си замине.