Кошаркарите на Торонто го добија четвртиот натпревар од финалето на Истокот во НБА-лигата против Милвоки со 120:102 и изедначија на 2-2 во серијата прв до четири победи.
Торонто беше подобар противник во сите четири делници од натпреварот искористувајќи ја по втор пат предноста што ја носи домашниот терен.
Прв стрелец кај Канаѓаните беше Кајл Лори со 25 коша, но клучен играч повторно беше Каваи Ленард, кои иако повреден запиша 19 поени, 7 скока, четири украдени топки и две блокади.
Крис Мидлтон со 30 поени седум асистенции и шест скока беше најдобар во Милвоки, а Јанис постигна 25 поени и десет скока.
Следниот меч е закажан за 24 мај на теренот на Милвоки.
Прв финалист во разигрувањето за шампионскиот трофеј е Голден стејт кој во финалето на Западната конференција го елиминира Портланд со 4-0.