Вчера во 11.30 часот на улицата Јане Сандански во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(50) од Скопје и автомобил „цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(74) од Скопје. По ударот и автомобилот и мотоциклост удриле во при во паркиран автомобил „мицубиши колт“ со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот Г.Р. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.