Памела Андерсон за прв пат на насловната на „Вог“

Поранешната плејбој-зајaчица Памела Андерсон (51) за прв пат се појави на насловната страница на чешкото издание на „Вог“. Ова е првпат холивудската актерка да се појави на насловна страница на едно женско списание.

На насловната страница, холивудската актерка е облечена во облека карактеристична за шеесетите години. „Кој сака да ја убие Памела Андерсон?“ е насловот кој е позајмен од чешкиот филм „Кој сака да ја убие Џеси“, пишува „Дејли мејл“.

https://www.instagram.com/p/Bxb2bOKile7/?utm_source=ig_web_copy_link

Во интервју за „Вог“, Памела зборува за неодамнешното апсење на нејзиниот пријател Џулијан Асанж, како и за американскиот претседател Доналд Трамп и за правата на животните.

„Секоја девојка сака да биде секси. Бидете внимателни кон кого покажувате слабост, затоа што поединци со нетрпение чекаат да ги искористат шансите против вас“, порача ѕвездата од ТВ-серијата „Чувари на плажата“.

Треба да знаете
Последни објави