Автомобил прегазил пешак утрово на булеварот Александар Македонски, на влезот на Скопје. Во моментот на тој дел од булеварот има застој и огромна колона на возила во правец кон Скопје.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 9.30 часот кога автомобил „мерцедес“ удрил во пешак. Тешко повредениот пешак со возило на Брза помош бил однесен на скопските клиники.
Фото. 24Инфо