Италијанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Конте ќе биде нов тренер на Интер, а сега веќе се чини дека сите на Апенините се уверени дека Италијанецот е нов тренер на миланскиот клуб.
Практично сите италијански медиуми синоќа ја пренесоа веста дека Конте и Интер постигнале договор и поранешниот тренер на Јувентус, Челси и италијанската репрезентација веќе практично е нов тренер на „Нераѕурите“.
Конте наскоро ќе потпише тригодишен договор со Интер според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона и ќе биде тренер на миланскиот клуб безразлика дали екипата на Спалети ќе се пласира во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Конте се поврзуваше и со враќање во Јувентус, меѓутоа италијанските медиуми пренесуваат дека тој веќе се договорил со Интер.