Европската унија нема да му понуди на оној кој ќе ја преземе функцијата британски премиер подобар договор за Брегзит, изјави денеска ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени.
-Од моја перспектива, не гледам дека Европската унија ќе му понуди на еден нов премиер подобар или многу поинаков договор од она што и беше понудено на Тереза Меј, изјави Ковени за ирски медиуми.
-Идеја дека новиот премиер ќе биде потежок преговарач и ќе добие многу подобар договор за Британија? Така не функционира ЕУ, нагласи тој.