Индиската народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди освои 303 места во Парламентот, покажаа конечните резултати од гласањето на парламентарните избори во Индија.
Партијата на Моди постигна најголем резултат во својата историја и го порази својот главен ривал, Индискиот национален конгрес.
Групата на Рахул Ганди ќе има само 52 пратеници во следните пет години во долниот дом на Парламентот.