Кошаркарите на Торонто се наоѓаат на чекор до големото финале од НБА-лигата, откако ноќеска славеа триумф на теренот на Милвоки со 105:99.
Во петтиот меч од финалето во Источната конференција, предводник до победата на „рептрос” беше Кавај Ленард со 35 поени, девет асистенции и седум скока.
Кај Милвоки најмногу поени постигна Јанис Адетокумбо – 24, надополнети со по шест асистенции и скокови.
Моменталниот резултат во серијата прв до четири победи е 3-2 за канадскиот тим.
Првата шанса за пласман во големото финале Торонто ќе ја има на 26 мај за кога е закажан шестиот натпревар.
Пласман во финалето веќе избори Голден стејт кој воедно е и бранител на шампионскиот трофеј.