Најмалку 19 лица загинаа во пожар во трговскиот центар во Индија, соопшти противпожарната служба.
Луѓето скокнале од зграда во градот Сурат во западниот дел од земјата, за да избегаат од огнот.
Пожарникарите соопштија дека околу 25 луѓе се заробени во комплексот.
Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите.
-Многу сум тажен поради трагедијата во Сурат, сакам повредените брзо да закрепнат, напиша Моди на Твитер, додавајќи дека им наредил на властите да им помогнат на повредените.