„Нефа мебел“ затвори преку ноќ: Извисија стотици купувачи, платиле мебел кој не го добиле

Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ вчера без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија, а стотици купувачи во обете земји останаа без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Како што објавија српските медиуми, руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и остави долгови и 300 работници без работа, пренесува СДК.

Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово, но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките. Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и фејсбук страните.

„Бев во сите продавници, а и во скопскиот магацин, тој беше затворен, но продавачите немаат информации дали и кога ќе ни биде испорачан купениот мебел што го плативме со рок за испорака од 35 дена. Ни рекоа да дојдеме в понеделник, ама не верувам дека ќе отворат“, вели скопјанец кој не ја добил гарнитурата платена 20.000 денари.

Вчера во Белград, гневните купувачи провалиле во магацинот и однеле што нашле, а исто така провалиле и во деловните простории на руската фирма „Спилит“ и однеле што им дошло при рака – компјутери, столици, телевизори. Купувачите велат дека продавницата примала нарачки до минатата недела, а некои имаат порачки и до илјада евра.

 

Треба да знаете
Последни објави