Припадник на терористичка ќелија, која беше демонтирана на 29 април, планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот претседател Франсоа Оланд, јавува дописникот на МИА од Париз.
Како што јави телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на судски извори, лицето, кое е малолетно, било уапсено во Стразбур во април, заедно со уште други три лица. Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата.
Овие четири малолетни лица беа обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување.
Петтото лице, исто така малолетник, беше уапсен неколку дена подоцна.