Ципрас: Изборите за ЕП се гласање за доверба на мојата политика

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека изборите за Европскиот парламент се гласање и за доверба во неговата политика.

Ципрас рече дека избори, кои ќе се одржат в недела, ги гледа како гласање за доверба на неговиот план за политиката на штедење во 2019 и 2020 година.

Запрашан дали размислува за предвремени избори во јуни и дали тоа зависи од резултатите од гласањето за изборите во Европскиот парламент, Ципрас рече дека луѓето в недела можеби нема да гласаат за Владата, но ќе се изјаснат за политиката, која ќе владее во земјата во наредните години.

-Ако се отфрлат овие мерки, сите (перспективи) се отворени, рече Ципрас без да даде детали.

-Секој процент на пораз за СИРИЗА, ќе отвори дискусија за која не можам да ја предвидам како ќе заврши. Ние би влегле во авантура, рече грчкиот премиер.

Треба да знаете
Последни објави