Со понуда од 45 милиони евра за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, Манчестер Јунајтед ја започна трката за засилување на своите редови во летниот преоден рок.
Според француските медиуми, сега се чека одговорот на францускиот клуб, кој по се изгледа ќе биде позитивен, ако се знае дека Лион за трансферот на Дембеле од Селтик пред речиси една година платиле 20 милиони евра.
Одличниот 22- годишен фудбалер имаше многу добра сезона, односно постигнал 23 голови и шест асистенции во вкупно 51 одигран натпревар, а медиумите веќе пишуваат дека на „Олд трафорд” ќе го замени Ромелу Лукаку, кого „црвените ѓаволи” сакаат да го продадат.
Натурализираниот Французин, кој по потекло е од Мали, освен за Лион и Селтик, играл и во лондонскиот Фулхам, каде пристигнал уште на 15 годишна возраст.