Високиот суд во Кенија го потврди денеска законот за забрана на истополови односи, а оние кои влегуваат во такви односи ќе бидат казнети со 14 години затвор.
Високиот суд одби да ја декриминализира хомосексуалноста, а судијката Рослин Абура во преполната судница во Најроби ја објави едногласна одлука од три судии и рече советот со ова ја отфрла петицијата со која се бараше да се оспори законот и смета дека законот не е неуставен, пренесува Ројтерс.
Aбура рече дека Уставот и понатаму забранува истополови бракови.
Подносителите на петицијата за легализација на истополовите бракови тврдат дека контроверзниот закон го крши Уставот на Кенија од 2010 година, со кој се гарантира еднаквост, достоинство и приватност на сите граѓани. Судиите го отфрлија барањето, велејќи дека забраната за истополови односи е поврзана со пошироките, традиционални морални вредности содржани во Кенискиот устав.
– Ние не можеме да си дозволиме да бидеме втората Содома и Гомора, изјави по пресудата католичкиот бискуп, Алфред Ротич.
Во септември лани, кога највисока Индискиот суд отфрли сличен закон од колонијалната ера со кој се казнуваа истополни односи со казна до 10 години затвор, се подигнаа надежите меѓу геј активистите од целиот свет, вклучувајќи ја и Африка, дека се можни слични реформи и на други места.
Хомосексуалните односи се криминал во повеќе од 70 земји низ светот, а речиси половина се во Африка. Јужна Африка е единствената африканска нација која го легализира хомосексуалниот брак, јави агенцијата.