Најдобриот белгиски фудбалер Еден Азар, веќе одамна почнал да се сели во Мадрид, и веќе ја избрал куќата во шпанскиот главен град, пишува „Марка”.
Истиот извор тврди дека веќе е постигнат договор за трансферот на играчот на Челзи во Реал, и дека после финалето се ќе биде службено објавено.
Со коментар се јави и самиот Азар кој за „РМЦ Спорт” изјави дека моментално размислува само за победа на финалето, и дека потоа „ќе се случи, тоа што мора да се случи”.
До финалето на Лига Европа меѓу Челзи и Арсенал, остануваат уште пет дена, односно ќе се игра на 29 мај во Баку.