Во Косово објавени снимки од криминалци во кои се споменува името на претседателот на Парламентот

Приштински медиуми објавија видео снимки во кои лица вклучени во криминални активности го споменуваат името на претседателот на собранието на Косово, Кадри Весели, што тој негира.

-Оваа недела некои медиуми објавија видео снимки во врска со случајот на организиран криминал, во кои луѓе обвинети за проневера и други сериозни злосторства, го споменаа моето им. Немам никаква врска со тој случај, ниту со луѓето што се вклучени во тоа , изјави Весели.

Тој посочи дека ако се докаже неговата вмешаност во таа афера, ќе поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави