Пред десет дена официјално е отворена качувачката сезона на Монт Еверест. Зеленото светло за новата сезона беше дадено откако осум шерпси стигнаа до врвот, а за време на искачувањето го подготвија патот до врвот на планината висок 8.848 метри за другите алпинисти. Оваа сезона околу илјада планинари ќе се обидат да ги освојат Хималаите, а веќе првите денови се создала неверојатна гужва. А со огромната толпа на рутата кон Монт Еверест ризикот од несреќи се зголемува. Така за семо една недела загинаа седуммина алпинисти, што е повеќе од целата мината година.
Во четвртокот тројца луѓе загинаа поради исцрпеност додека се спуштаа од највисоката планина во светот. Еден од нив заглави повеќе од 12 часа во толпата додека се спуштал и бил исцрпен, изјави организаторот на турата.
Иако временските услови поради силните ветрови се значително полоши од минатата година, се претпоставува дека бројот на планинарите кои ќе се искачат на Еверест ќе го надмине рекордот од минатата година, кога до целта стигнаа 807.
Како што бројот на луѓе кои сакаат да се искаат на врвот на Еверест се зголемува од година во година, сè погласни се повиците за ограничување на бројот на алпинисти.
Откако Едмунд Хилари и Тензинг Норгај го освоија покривот на светот во 1953 година, околу 4.000 планинари се искачија на Монт Еверест, додека неколку стотици од нив загинаа за време на искачувањето и спуштањето од планината.
📹 VÍDEO Los increíbles atascos que se han vivido esta semana en la cima del Everest se han cobrado 5 víctimas en 2 días. ¿Qué nos está pasando? pic.twitter.com/dJr54q1tWl
— La Vanguardia (@LaVanguardia) May 24, 2019