Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го обвини шефот на кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи дека лажел за односите на неговата компанија со владата во Пекинг.
Тој изјави дека Хуавеи е поврзан не само со владата, туку и со Комунистичка партија на Кина. Тој рече дека постоењето на овие врски ги става американските информации во ризик. Хуавеи, се соочува со проблеми во работењето откако американскиот претседател Донал Трамп ја стави оваа компанија на ,,црната листа” за тргување со американските технолошки компании.