По 21 ден, откако барањето одново ќе се разгледа во судот во Волос со одлука на Врховниот суд на Грција, Димитрис Куфодинас вчера го прекина штрајкот со глад започнат на втори мај, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Јоана Куртовик, адвокатката на еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември” и осуден на 11 доживотни казни, Куфодинас смета дека одлуката на Врховниот суд е „важен чекор за обезбедувањето на правото на дозвола за сите затвореници”.
Куротвик вели дека Куфодинас побарал да им се пренесе благодарност на „сите кои му изразија солидарност, на лекарите и на персоналот во болницата во Волос”.
Лидерот на „17 Ноември” и понатаму ќе остане да се лекува на одделот за интензивна нега во болницата за постепено да почне да се храни, но и да се движи.