Полицијата трага по Горан Јанковиќ (36) осомничен дека ги убил својата сопруга Мирјана Јанковиќ (31) како и нејзините родители, Бранислав (57) и Нада Пајиќ (57) утрово во Нови Сад. Злосторството се случило прд очите на двете малолетни деца на Горан и Мирјана, по што постариот, дестгодишник се јвил кај вујко си и рекол што се случило.
Првата сосетка на Бранислава и Нада Пајиќ, ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата на стравот во Нови Сад.
Таа слушнала бучава и го отворила прозрецот, а потоа ја здогледала Нада Пајиќ која извикала „Зете, задоволен ли си сега?“, по што се слушнал уште еден врисок. Сосетката веднаш му рекла на својот син да оди кај нив и да види што е работата, но веќе било предоцна.
Според полицијата, убиецот имал забрана за доближување на сопругата откако ја истепал пред две недели. Пораи тоа таа со децата дошла да живее кај родителите. Горан и Мирјана веќе два пати се разделувале, но останале заедно. Посследната кавга била поради љубомора, бидејќи сопругот се сомневал дека Мирјана има љубовник па ја истепал.
Осомничениот имал криминално досије за поседување на оружје, како и за семјно насилство.