Велешанец тешко повреден по пад од мотор

Велешанец бил тешко повреден откако паднал со моторот што го управувал, вчера во Велес.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 13.10 часот на улицата Јовче Џипунов во Велес.

Ѓ.П.(71) управувајќи мопед „априлија“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот. Притоа Ѓ.П. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Велес, каде му била укажана лекарска помош.

По овластување на Јавен обвинител  увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави