Во глобален просек, 61 отсто одговориле дека би биле спремни да се борат за својата земја, додека 27 проценти одговориле дека не би биле спремни да се борат.
Очекувано, многу повисок процент мажи од жени глобално рекле дека ќе се борат (67%), но интересно е дека и повеќето жени одговориле потврдно (52%).
Највисок процент на оние кои ќе се борат за својата земја е на Блискиот исток и во северна Африка, дури 83 проценти, додека најнизок е во западна Европа, 25 отсто.
Од земјите од поранешна Југославија најмногу волја за заминување во војна има на Косово (58%), потоа во Босна и Херцеговина (55%), во Србија (46%) и Македонија (38%).
Од европските земји предничи Финска со 74 проценти од луѓето кои се подготвени за војна. По неа следи Турција со 73 %, потоа Украина со 61 процент, па Русија со 59%.
Значителна варијација има и меѓу религиите Муслиманите се најспремни за војување, дури 78%. Следат хиндуистите (77%), потоа будистите (66%), а по нив се атеистите и агностиците (57%). Меѓу христијаните, највоинствени се православните (53%), а веднаш зад нив се и католиците (52%), додека до протестантите спремни да војуваат се 48 отсто. Околу половина Евреи се подготвени за војна – (51%).
Јапонците, Германците, Италијанците и Австријците не би војувале повеќе.
Во големото истражување испитани се 62.398 лица низ светот, со примерок од околу 1000 лица за секоја земја. Анкетата е спроведена во периодот меѓу септември и декември 2014 година.