Собранието на АБА лига побара да се започне постапка за избор на новото раководство, откако не го продолжи мандатот на сегашната управа.
На Собраниската седница се дискутираше и за проширувањето на лигата и притоа донесена е одлука грчките клубови Олимпијакос и Панатаниакос, како и израрелскиот Бнеи Херзлије што побрзо да ја поднесат комплетната документација со цел да можат да распраават за нивното приклучување.
Челниците на АБА на претседателите на КК „Црвена Ѕвезда” Небојша Човиќ и „Будуќност” Драган Бокан им изрече парични казни по 10 илјади евра поради нарушување на углегот на лигата, односно несоодветните коментари за време и после финалето на оваа регионална лига.
Парична казна од четири илјади евра доби и кошаркаркот на „Будуќност” Норис Кол, поради непримерно однесување за време на петтиот финален натпревар на доигрувања.