Американецот Роко Комисо ќе биде новиот сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина, пренесува „Њујорк тајмс”.
Истиот извор пишува дека Комисо ќе ја купи „Виола” за 150 милиони евра од досегашните сопственици браќата Андреа и Диего Дела Веле.
Комисо, италијански емигрант кој во САД дошол на 12 годишна возраст, е сопственик на познатиот њујоршки клуб Космос, кого во 2017 година се обиде да го купи Милан од Кинезите.
Клубот Фиорентина е во сопственост на семејството Дела Веле кое е најзаслужно што клубот се врати во италијанската елита по банкротот од 2002 година. Како причина за продажбата на клубот се наведуваат постојаните несогласувања на браќата Дела Веле со навивачите кои бараат повеќ инвестиции и непродавање на најголемите клупски ѕвезди.
Веста за продажбата на италијанскиот клуб не ја потврдуваат или демантираат ниту претставниците на Комисо, нити тие на Фиорентина