(Видео и Фото) Показна вежба на македонската полиција во Дебар

“Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион “, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по завршувањето на тактичко -показната вежба на припадниците на македонската полиција што се одржа во Дебар.

„Вежбата ја направивме како дел од активностите во рамки на активностите по повод 7-ми мај на Денот на полицијата. Токму затоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните потикнувајќи ги сите заедно да соработуваме, но и да ги поттикнеме сите  младите луѓе кои што сакаат да бидат дел од македонската полиција од овој регион“, нагласи Спасовски.

Заблагодарувајќи се на градоначалникот на општина Дебар, на медиумите, на граѓаните за масовната посета на настанот, како и на учесниците во вежбата, министерот Спасовски потенцираше дека – “сите заедно покажавме пред целата македонска јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста подготвена во секој поглед даги заштити и граѓаните и Македонија“.

Инаку на вежбата на која што граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.

 

Треба да знаете
Последни објави