За одговорност СДСМ може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта. Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор. Оставката на Павле Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ.
Местото на Заев како и на Богоевски не е во политиката. Нивно место единствено е во некоја казнено поправна установа, каде што ќе одговараат за своите криминали по враќањето на правната држава.
Кога Зоран Заев и неговата криминална банда ќе си заминат од политичката сцена Македонија ќе заблеска.