Во Кина има речиси милион здравствени установи

Бројот на здравствените и медицински институции во Кина, вклучувајќи болници, клиники и јавни здравствени организации за специфични потреби, бил 997.434 на крајот на 2018 година, се вели во извештајот на Националната комисија за здравство.
Тоа претставува зголемување од речиси 11.000 институции во споредба со претходната година.

Бројот на болниците е околу 33.000, а на клиниките 944 000, јавни здравствени институции за специфични потреби (центри за превенција и контрола на болестите, за лекувањето на специфични болести, мајчински и детски центри и центри за здравствена контрола) се околу 18.000 во целата земја.
На крајот од минатата година во малите градови имало над 36.000 клиники, 622.000 во селата, се вели во извештајот на комисијата.

Треба да знаете
Последни објави