Десет државјани на Албанија кои имале нелегален престој во земјава вчера биле откриени во Тетовско, информира МВР.
Полицијата вчера утрото извршила акциска контрола во селата Цепчиште и Порој, за спречување, откривање и приведување на странски државјани кои по кој било основ прекршиле одредби од законот за странци.
Притоа, биле приведени 10 државјани на Република Албанија.
Тие биле задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.