СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(18) од тетовското село Озормиште, осомничен за сторени седум кривични дела тешка кражба.
Во периодот од 11 февруари до 7 март годинава на подрачјето на Тетово, пријавениот, извршил тешки кражби во возила и одземал делови, пари и разни предмети, а во Клинички центар – Тетово со употреба на сила влегол внатре и одзел пари и лекови.