Државата пропаѓаше 11 години поради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се богатеа, а парите ги трошеа на криминални тендери, барок и споменици, граѓаните тонеа во долгови и сиомаштија, се вели во соопштението на СДСМ.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо освен деструкција, лицемерие и лажни вести кои се единствен начин на нивно делување. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот на државата. Не може да се помири со тоа што државата станува 30 земја членка на НАТО и наскоро ќе добие датум за преговори со ЕУ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека растат платите, дека социјалната помош се зголемува за 300 отсто, а опфатот на деца кои ќе стекнат детски и образовен додаток е за 20 пати поголем.
Само на антинародното ВМРО ДПМНЕ му пречи тоа што државата оди напред, и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.
Без разлика дали на ВМРО-ДПМНЕ му се допаѓа или не, државата продолжува по патот што води кон развој, напредок и интеграција.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на лажните вести и деструкциите.