Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија, се вели во соопштението на СДСМ.
Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРОДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?
Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?
Се додека опозициската партија не даде одговор на овие прашања нема
минимум кредибилитет да зборува за морал и одговорност.