Група од околу 20 лица, со бои нападнале локална канцеларија на СИРИЗА во атинската населба Ексархија, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, групата веднаш побегнала, а била нанесена мала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентот се случи попладнево, на речиси 15 часа пред отворањето на гласачките места во Грција, за европските и локалните избори.