Доколку е блескање да се биде најкорумпирана земја во Европа и да се сјае како Свазиленд, такво блескање на Македонија не и треба. Да бидеш на 105-то место на листата на Транспаренси и да лажеш дека блескаш или имаш криминално извртен систем на вредности или страшно го потценуваш и навредуваш народот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку е блескање преку една четвртина од граните да живеат под прагот на сиромаштија, а да се зголемуваат даноците и да се носи најголем буџет, такво блескање на Македонија не и треба. Само измамник и криминалец може да тврди дека Македонија блеска со најниски плати во регионот, најмалку странски инцестиции, најнизок раст и без да се реализација на капитални проекти.
Македонија не блеска. Македонија пропаѓа од денот кога Зоран Заев седна на премиерската фотелја. Нема крај на понижувањата и омаловажувањата кои Зоран Заев и СДСМ му ги сервираат на македонскиот народ и држава.
Аболицираниот Заев и неговата криминална банда за само две и половина години успеаја да ја опустошат македонската економија, да го руинираат македонското здравство, да го клекнат на колена македонскиот образовен систем. Буквално ја уназадија државата на сите полиња.
Зоран Заев ја промовира нашата држава како успешна приказна, држава во која 21 век владее епидемија на морбили паралелно со епидемијата на непотизам, корупција и криминал.
Народните пари служат за исплата на партиските потрчковци преку разни криминални тендери и грантови. Ова не се случува во една држава која блеска.
Македонија во која е укината правната држава, нема владеење на правото, а Рускоска обвинителството и Кацарска судството спроведуваат политички прогон не може да блеска.
Македонија ќе заблеска моментот кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена. Само кога Зоран Заев ќе стане од премиерската фотелја, само тогаш Македонија ќе се врати на правиот пат и ќе добие шанса навистина повторно да заблеска.