Жителите на Латвија, Малта и Словачка денеска почнаа да гласаат на изборите за Европскиот парламент, приклучувајќи се на гласачите од Велика Британија, Холандија, Ирска и Чешка, кои веќе го сторија тоа во претходните два дена.
Од четврток до недела, речиси 418 милиони луѓе низ Европската унија можат да гласаат на едни од најголемите демократски избори во светот.
По изборите, започнува нов политички циклус во ЕУ, кој вклучува промена луѓе во најважните европски институции.
Одѕивот на изборите во ЕУ е обично мал.
В недела ќе гласаат граѓаните на другите земји на ЕУ, вклучувајќи ги и Хрватите кои избираат 11 пратеници.
Во Словачка се ибираат 13 членови на Европскиот парламент од 751 члена, во Латвија – осум и шест претставници на Малта.
На минатите избори за Европскиот парламент во Словачка, одзивот беше најмал во ЕУ. Во 2009 година гласаа 19,6 отсто од гласачите, додека во 2004 година само 17 отсто.
Од Латвија во ЕП испраќаат осум пратеници, а според анкетите тоа ќе бидат членови на шест партии. Во Малта, изборите ќе одлучуваат помеѓу две традиционално доминантни партии, Лабуристичката партија и националистите (ЕПП). Според анкетите, секој ќе добие три претставници.