Канада противник на Финска во финалето на хокеарскиот Мундијал

Хокеарите на Канада ќе играат во финалето на Светското првенство 2019 што се одржува во Словачка. Тие вечерва во второто полуфинале ја совладаа Чешка со 5:1. По третини: 1:0, 2:0 и 2:1.

Стрелци на головите за Канада беа Марк Стоун, Дарнел Нерс, Пјер-Лук Дубоа, Кајл Терис и Том Шабо. Единствениот погодок за Чешка беше дело на Томаш Зохорна.

Во финалето, Канада ќе игра со Финска, додека Чешка во меч за бронзата ќе игра со Русија. Дуелите за медалите се закажани за утре.

Треба да знаете
Последни објави