Тројца мигранти од Еритреја биле откриени изутринава во 3:15 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред штипското село Лакавица, во возило со скопски регистарски ознаки.
Како што е наведено во полицискиот билтен, полициските службеници запреле патничко возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(34) од Скопје, во кое се превезувале тројцата мигранти.
Возачот С.Р. и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.