Во школскиот автобус кој ги превезува децата од Конзума во училиштето во Пелаго во Италија од пред една недела е и Горан. Горан има шест години и е слеп, но тоа не е неговото вистинско име, така го нарече човекот кој на Фејсбук ја раскажа приказната која ја трогна Италија, а за која 24 Инфо веќе пишуваше.
Приказната за Романо Карлети (84), кој осум месеци го возеше со автомобил детето во училиште зошто школскиот автобус немал придружник за деца со посебни потреби. Па така малиот Македонец морал да оди со Романо во училиштето, додека неговиот брат близнак одел со автобус. Инаетот на стерецот конечно вродил со плод, па по бројните реакции до надлежните општински служби за проблемот, кои беа незаинтереесирани за случајот се додека не се објави приказната, Горан е еднакво третиран како и другите деца.
Секој работен ден Романо, кој е сосед на семејството од Македонија, возел со својот автомобил по 60 километри за да го однесе и врати Горан дома. „ Секое утро, кога го оставам на училиште, го гледам Горан како им се приближува на другите деца, им ги допира лицата и ги препознава еден по еден. Тоа е прекрасна работа“ велеше старецот.
На првиот ден од новото патување, Горан на автобуската станицата во Конзума го пречека Вивијана, жената која ќе се грижи за него. Горан седнува во првиот ред, неговиот брат зад него и малиот школски автобус заминува.
Но Романо не беше таму, иако живее карши станицата. Новинарите кои дојдоа да го проследат настанот очекуваа тој да биде таму. Мештаните мислеа дека тој веќе заминал за Пелаго да го види Горан како прв пат без него оди на училиште, но тоа не беше така. Подоцна се појавува старецот и вели дека утрото морал неколку часа да ги чува двете внуки-близначки кои се болни. Неговите соседи велат дека тој е добриот дух на Конзума, кога некој е болен тој доаѓа да го види и му купува лекови.
Романо и месната заедница Пелаго ја известија општинската администрација на Монтемињао за да го решат проблемот бидејќи семејството не побарало помош, зошто престојуваат со туристичка виза. Таткото на Горан е дрвосечач и секое утро рно оди на работа, а работи и неговата сопруга па не можат да го носат Горан во училиште.
-Конечно, работите се средија, јас сум среќен за детето” (чие македонско име Романо сè уште не успева добро да го изговори). Тоа е прекрасна работа, бидејќи сега оди со својот брат, Оваа ситуација мораше да се реши, во овие месеци неколку пати пријавував кај одговорните. Тоа беше убава одговорност, особено во зима со снег и мраз, но имам 84 години, сега можам да го сторам тоа, но следната година?- вели Романо.
Сепак, додава со доза на меланхолија.
-Жал ми е малку, се навикнав на целата работа. Наутро дури не го ни навивав будилникот, се будев во 7.30, кој знае што ми сигнализираше… Ќе ми недостига, се надевам дека и тој ќе ме помни, вели старецот.
Романо се присетува кога пред осум месеци соседот Македонец му раскажал како неговиот син останува дома плаќејќи бидејќи неговиот брат оди на училиште, а тој ме може да оди. Тоа го трогнало Романо и решил да им помогне и го извадил автомобилот од гаража.
-Великодушноста се шири како шумски пожар. Кога почнав да „работам како возач“ неколку пати кога пазарев во продавници ми кажуваа „Ако тоа е за детето не треба да платите, во ред е”,вели Романо.
Стерецот раскажува дека великодушноста ја научил од сопругата, која умрела на 50 годишна возраст откако бил болна пет години, а немало ден да не земе парче салама и да остави на калужерка, сиромашен или бездомник. Додека ги брише солзите Романо се задржува на десното око со насмевка.
-Смешно, зарем не, Бевме деца, имаше војна, си замина камион со војници кои изгубија кутии со барут. Зедовме некои, се обидовме да го запалиме и имаше експлозија … Смешно е тоа што кога јас и Горан на четири очи имавме само едно добро. Да, јас сум слеп на едното око. Судбина…, завршува старецот.