Акредитирани околу 250 грчки и странски новинари за денешните избори во Грција

За следење на резултатите од денешните европски и локални избори во Грција, во прес центарот во Атина, сместен во конференциската сала „Запио”, акредитирани се околу 250 грчки и странски новинари, јави дописничката на МИА од Атина.

dav

Акредитирани се новинари од повеќе балкански и европски земји, но и од Кина и Јапонија.

Прес центарот, половина час пред затворањето на гласачките места, го посети и Генералниот секретар на Министерството за дигитална политика, телекомуникации и информации, Лефтерис Крецос.

Треба да знаете
Последни објави