Откриен споменик на загинатите рибочувари на акумулацијата „Водоча”

Во спомен на рибочуварите Ѓорѓи Божијанов-Буги, Дамјан Рашковски, Глигор Ристов и Васе Мицев, кои трагично ги загубија животите на акумулацијата Водоча, денеска, на брегот на езерото беше откриен споменик во нивна чест.

Рибочуварите го загубија животот во водите на езерото Водоча на 24 јануари 2004 година. Споменикот е подигнат по иницијатива на Риболовното друштво „Мрена”, концесионерот на браната Водоча „Фиш Нет” и синдикатот при ЈПКД „Комуналец”.

Беше извршено и порибување на езерото со 103 килограми подмладок на крап, а вработените во „Комуналец” го одржаа својот традиционалне риболовен турнир.

Треба да знаете
Последни објави