Чешката тенисерка Петра Квитова, поради повреда на левото рамо, се повлече од Грен слемот Ролан Гарос.
– Имам лоши вести за вас. Длабоко сум разочарана што не можам да учествувам на турнирот Ролан Гарос. Бев загрижена за болката во мојата лева рака неколку недели, а вчера беше потврдено и од лекар дека ќе биде уште полошо ако играм. Пред две години во Париз се вратив на теренот, па затоа ми е жал што овој пат нема да играм овде. Сметам дека е тешко да се донесе оваа одлука, и посакувам турнирот да помине во најдобар ред. Најдобро. Едвај да чекам да се вратам тука во 2020 година, напиша Квитова.
Таа денеска требаше да игра со Романката Сорана-Михаела Кристеа.